Професорот по правни науки од правниот факултет од Скопје, Гордан Калајџиев на денешното гостување во Топ Тема на Телма телевизија истакна дека иако Марјан Забрчанец, како дел од владата, гарантира дека нема злоупотреби, тие не се доволни за убедување затоа што ние во моментов немаме никакви механизми за контрола на власта во вонредната состојба.
Ние немаме систем за политичката елита од неколкумина во држава би ја спречила од можно злоупотреби, ние и големи злоупотреби не сме ги расчистиле, како што е примерот со прислушкувањето, вели Калајџиев.
Тој вели дека во конкретнатава ситуација не постои ни парламентарна контрола, ниту пак функционира граѓанското тело на коешто тој бил член, кое можело да врши некаква превентивна контрола.
Покрај гаранциите коишто лично ги дава Забрчанец, кои мене не ми се доволни, ние немаме механизми кои гарантираат дека власта евентуално нема да ги злоупотреби овластувањата, особено ако ситуацијата потрае, критикуваше професорот.
Тој исто така вели дека пред два дена Советот на Европа, односно комесарот за човекови права обзнанил документ во којшто судовите и парламентите треба да играат контролна улога во ваква ситуација на вонредна состојба, како и тоа дека не му се допаднало решението со невраќање на парламентот.
Искрено мене не ми се допадна решението за парламентот, иако нашите уставно правни експерти се согласија дека тој не може да се врати, да се состане повторно. Суштината на демократијата немаше да биде повредена ако на парламентот му се дадеше да игра некоја ограничена и контролна улога, во смисла да може да ги разгледува сериозните мерки на владата, како што го бараат овие препораки на Советот на Европа, вели професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.