Како што ги лажете Македонците, така ги лажете и Албанците му посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Зоран Заев во синоќешната дебата на Канал 5 телевизија. Во лагите на Заев се гледа причината за малиот број на поддржувачи на СДСМ во Арачиново при промовирањето на долгоочекуваната канализација во оваа општина.
До каде е реновирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, го запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на телевизискиот дуел на Канал 5.
-Не се секирајте гимназијата ќе биде изградена, тоа го рекоа и градоначалничката и министерот за кој сега велите дека не дал одобрение. Кој лаже господине Заев, вие или градоначалничката и министерот. Таа кажа дека средствата ќе има нема да се користи за кампања ќе се изгради гимназијата, посочи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Заев со лажни ветувања го нарушува соживотот во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.