Постои план и програма за ископ на јаглен и јаловина и апсолутно е неосновано тврдењето дека толку итно бил потребен 5 милионскиот тендер, а случајно на тој тендер добила фирмата „Марковски Компани“. Вака зборуваше генералниот директор на ЕЛЕМ Васко Ковачевски во април 2017 година, но тогаш како опозициски пратеник на СДСМ.

Ковачевски преку прес-конференција обвинуваше за тендер од 290 милиони денари, кој бил донесен по итна постапка за ископ на јаглен за во РЕК Битола. Тој додаде дека во изминатите 10 години оваа фирма добила тендери во висина од 60 милиони евра во РЕК Битола, како и тендери за изградба или реконструкција на патишта.

Неколку месеци подоцна, Ковачевски застана на чело на РЕК, за летово да дојде на лидерската позиција во Електрани Македонија.

Пред неколку дена, пак, фирмата „Марковски Компани“ повторно доби тендер во РЕК Битола. Овојпат, тендерот повторно е доделен од ЕЛЕМ, но со потпис на директорот Ковачвски, истиот оној кој за оваа фирма држеше прес-конференции и се закануваше дека „ќе одговараат сите оние што направиле злоупотреби“.

Доколку навистина имало злоупотреби, не е познато, зошто досега никој, почнувајќи од самиот Ковачевски, не отворил постапка на оваа тема. Затоа, пак, директор Ковачевски на истата фирма сега и додели тендер од 6 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.