Меѓународниот монетарен фонд смета дека за да почне закрепнувањето на економајата на глобално ниво, во која корона вирусот направи сериозни проблеми и остави уште посериозни последици, властите треба да обезбедат вакцини за населението и директна финансиска поддршка за нивните стопанства.
Вакцините и дополнителните финансиски стимулации отвораат изгледи за посилен глобален економски раст во 2021 година, изјави Џефри Окамото, прв заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Ова значи дека, закрепнувањето на глобалната економија директно ќе зависи од вакцините и финансиската поддршка која државите ќе ја обезбедат за своите стопанства, но и за граѓаните.
Истата прогноза може да се преслика и во Македонија . Имено, за државата да излезе од економската криза, односно рецесијата во која западна македонската економија, власта предводена од СДСМ на чие чело е премиерот Зоран Заев, треба да обезбеди вакцини за масовна вакцинација на населението и да го помогни стопанството, кое е оаднато на колена, со значителни финансиски средства.
Но, реалноста во Македонија е сосема поинаква. Владата е далеку од обезбедување на вакцини против Ковид-19 за имунизација на населението и уште подалеку од обезбедување на финансиска помош за поддршка на стопанството.
Освен неколкуте илјади дози вакцини кои ни донираше Република Србија и Руската федерација, кои се користат за имунизација на медицинскиот персонал низ ковид центрите во државата, Македонија нема други вакцини. Министерот за здравстрво Венко Филипче и премиерот, Зоран Заев не убедуваат дека обезбедиле вакцини за вакцинирање на еден милион и 200 илјади граѓани, но од нивното пристигнување во Македонија нема ништо.
И додека не само светот туку и земјите од регионот, веќе имаат обезбедено сериозни количини вакцини, кај нас пропаднаа набавките на конеските и руските вакцини. Иако власта убедување дека само што не стигнале вакцините од американскиот производител „Фајзер“, минатата недела дознавме дека сеуште немаат потпишано договор за набавка со овој производител. И додека Кокавс механизмот испорачува вакцини во земјите низ светот, но и во земјите од регионот како што е Албанија, во Македонија нема ниту една вакцина на АстраЗенека, вакцини кои требаа да пристигнат преку овој систем.
Освен ММФ и македонските стопанственици апелираат до власта што побрзо да набави вакцини за масовна имунизација на населенито, затоа што тоа е еден од предусловите за рестартирање на македонскта економија.
Од друга страна, финансискта помош која што минатата година државата ја даде на граѓаните и стопанствата за справување со ковид кризата е многу мала. Велам минатата година, затоа што оваа година владата сеуште нема дадено никаква поддрша. Законите кои треба да се изгласаат за петтиот пакет анти кризни мерки стојата заглавени во македонското Собрание. Законите беа ставени на дневен ред на собраниска седница која што требаше да се одржи денеска 23 март, но поради тоа што власта не може да си ги собере пратениците за да оддржат ниту една седница, а се покажа дека уште полаку има капацитете да седне и да најде компромис со опозиционите пратеници, претседателот Талат Џафери ја одложи седницата за неопределен рок.
Претениците од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната координација со претседателот Џафери побараа сите закони кои ќе овозможат попошта од петттиот пакет економски мерки, кој е во вредност од 160 милиони евра, да стигнат до граѓаните и фирмите, да се ставата на дневен ред на седницата и да ги донесат закони, но мнозинството предводено од СДСМ го одби предлогот.
Значи годинава стопанството и граѓаните немаат добиено никакава финансиска помош од државата иако економската криза трае речиси со исти интензитет како и лани.
Помошта на државата кон стопанство во Македонија е најниска во Европа. Македонија остана на дното на листата на земји во Европа по издвоени пари за економска помош на стопанството поради корона-кризата. Последна на листата на издвоени финансиски средства за помош на еконимија е Македонија со 1,2 проценти од бруто домашниот производ. Иако земјата минатата година се задолжи за нови над една милијарда евра, наводно за помош на стопанството и за излез од економската криза, а кај стопанството и граѓаните завршија само 350 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.