Порталот „Економски лидер“ денеска го објави четвртото продолжение од скандалот во централата „ТЕ-ТО“ во кој е вплеткан и сега веќе поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. Според пишувањата на „Лидер“ станува збор за скандал вреден околу 200 милиони евра.

Додека Анѓушев си ги собира работите од неговата канцеларија, „Лидер“ објави како Анѓушев бил дел од лажен стечај и како го оштетил државниот буџет.

Според досегашните откритија на истражувањето, кои со факти не ги демантираше никој, руските сопственици на централата ТЕ-ТО направиле лажен стечај (кој е детектиран и од финанова полиција) преку кој извлеклее стотици милиони евра од државата и така ги оштетиле акционерите од Топлификација во компанијата.

Потоа, затоа што на извлечените пари требало да се плати данок – владата изгласа одлука со која практично го простува данокот на ТЕ-ТО кој со аконтации изнесува околу 20 милиони евра.

Повеќе за случајот во интервјуто со еден од оштетените акционери:

извор: Лидер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.