Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги мерките и препораките кои се бараат од угостителите пред утрешното повторно започнување со работа на овие дејности рече дека угостителските објекти со надворешни тераси ќе работат до 20 часот и дека не мора повеќе од двајца посетители седнати на една маса да се од исто семејство.
Одлуката е само за отворање на тие угостителски објекти со надворешни тераси. Според протоколите, ќе се гледа на начинот на организирање на просторот и дезинфекцијата, како и однесувањето на клиентите и растојанието меѓу масите. Што се однесува до членови на семејства или не, таква одлука нема, изјави Бектеши.
Според Бектеши, шпекулација е тоа дека само најмногу до двајца ќе можат да седат на иста маса доколку не се од исто семејство. Претходно од асоцијацијата на угостители реагираа дека нелогично е на една маса ќе можат да седат само двајца ако не се од исто семејство, а четворица би можеле да седат само ако се од исто семејство и практично тоа за нив ќе значи бркање на муштериите.
Другите угостители, пак, ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките.
Ние имавме подготвен протокол од Комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор“, рече Бектеши.
Протоколите кои беа подготвени од Комисијата за заразни болести беа усвоени на вчерашната владина седница и како што рече Бектеши, тие не претрпеле позначителни измени во однос на тие што се доставени до коморите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.