Угостителски објекти од кои најголем дел во Чаир и во Тетово не ги почитувале протоколите, работеле по 22 часот и служеле гости во затворен простор. Против нив се поднесени кривични пријави, информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
На прес-конференцијата во Владата, Пауновски посочи дека при направените контроли откриени се и 24 угостителски субјекти кои не биле регистрирани. На нив им е изречена прекршочна мерка и даден им е рок од 30 дена да се регистрираат, а доколку не го сторат тоа, ќе бидат затворени и ќе добијат повисока казна.
За жал има и такви кои не ги почитуваат протоколите и кои ја користат оваа состојба и мислат дека може да работат како нерегистрирани. Во контролата со финансиската полиција во последниве денови имаме направено записници за непочитување на протоколите и изречени се 11 кривични пријави кои во следните денови ќе бидат доставени до Обвинителството и судот, рече Пауновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.