Иако власта неодамна вети дека ваучерите за купување на инвертор климите ќе стигнат на средината на месецов, тоа не се случи. Од нив ни тага ни глас, пишува порталот „Фактор“. 

Власта најави дека ќе ги распредели ваучерите до крајот на минатата година. Зимата, пак, е во полн ек и ниските температури бараат сериозно загревање, а од друга страна, загаденоста на воздухот и натаму им создава сериозни проблем на голем дел од граѓаните, особено во најзагадените општини.

Јавниот оглас преку кој граѓаните електронски би аплицирале за ваучерите, уште не е објавен. Тоа значи дека постапката не е ни воопшто започната. Не е стартувана ниту кампањата со која граѓаните требаше да бидат информирани како ќе се одвива целата процедура за аплицирање за инверторите.

Целиот текст прочитајте го тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.