Ова е пристапниот пат кој што води до модуларната болница во Штип. Поставен пред само месец дена во должина од неколку десетици метри и во вредност од 700.000 денари, народни пари. Замислите, овој асфалт од неколку десетици метри изнесува 700.000 денари. А за неколку месеци изгледа онака како што можете да забележите. Сите овие проекти, криминални, после промената на власа, ќе подлежат на ревизија и одговорност. А како што народот рекол: Во војна има воени профитери, во здравствена криза, кога луѓе умираат, кога цели семејства се завиваат во црно, има здравствени профитери. Ова е доказ за тоа – коментира Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во видеото објавено на неговиот фејсбук профил се гледа како асфалтот се рони на парчиња, се распаѓа, иако е стар само неколку месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.