ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест во Кочани, прв протест низ градовите од низата која ќе се случува во периодов што следува. Меѓудругото, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше и за платите на македонските доктори.
Каде се оние 100.000 денари плата за македонските доктори? Шеташе Заев по плоштадите и ветуваше брда и долини, ветуваше мед и млеко, запраша Мицкоски на протестниот марш во Кочани.
Тој зборуваше дека наместо високи плати како што ветуваше СДСМ, имаме масовно иселување на докторите.
-Наспроти тоа добивме масовно иселување на докторите. Заминуваат трајно или времено надвор. Зарем не е црно здравството во кое ветуваа огромни инвестиции. Ветуваа ќе вложеле милиони, милијарди. А што направија? Еден сограѓанин мој, скопјанец, го загуби животот, почина затоа што не му следувале лекови да ја надмине тешката болест од која што боледувал. И денес ќе го слушнеме оној несреќен министер, наместо да каже дека поднесува неотповиклива оставка, тој вели дека обезбедил лекови, ама пустиот човек немал среќа да дојде, па починал. Срам да ви е, од прв до последен. Барем еден да се одважеше да понесе одговорност, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.