Каде испарија и за што се потрошени 120 милиони евра од буџетскиот дефицит на земјава? Ова прашање ги интересира граѓаните, кои не видоа никаков бенефит од тие пари. Напротив тие се повеќе осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, додека функционерите на СДСМ си ги живеат своите пет минути на растрошност и луксузирање. Додека се погласни се обвиненијата дека со Мој ДДВ се даваат пар за награди на партиски послушници, на граѓаните им се сугерира да ги донираат и тие 500 денари што едвај ги собрале со скенирање на фискални сметки.  На вчерашната пресконференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека податоците покажуваат дека од јануари до крајот на март потрошени се 43 отсто од буџетскиот дефицит проектиран за годинава. Станува збор за класичен грабеж на граѓаните со оглед на тоа дека, ако се анализираат трите години наназад – 2019, 2018 и 2017 – ќе може да се забележи дека тој буџетски дефицит во првите три месеци се движи помеѓу 50 и 57,5 милиони евра. Тоа значи дека се потрошени за 2,5 пати повеќе пари во однос на претходните три години и дека со тоа секое македонско семејство е задолжено со дополнителни 15 илјади денари во просек. И покрај ваквите обелоденети факти, ОЈО досега не превзеде ништо да ги провери и соодветно да реагира.

Во ваква ситуација, кога економијата колабира, кога корона кризата ја однесе земјава во рецесија, логично е да се постави прашањето каде се 120 милиони евра исцицани од буџетот. Дали тие беа злоупотребени за предизборен поткуп, на избори кои не се случија? Да, да беа нормални околностите на 12 април требаше да имаме избори, па веројатно подготовувајќи се за сценарио за поткуп на гласачите, СДСМ си повлекуваше пари од државниот буџет, како тој да е нивен личен паричник. И веројатно тоа ќе поминеше незабележено како лов во матно, прекриено со плаштот на корона пандемијата, ако вчера не беше обелеоднето од страна на Мицкоски.

Потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, а нас нè убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Или со други зборови, го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек, само од почетокот на годината заклучно со крајот на март. Оваа состојба денес надополнета со корона-кризата е уште полоша .- обелодени вчера Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и без пандемијата на коронавирусот, Владата ја туркала економијата кон банкрот. Како што рече Мицкоски, врз буџетот од страна на Владата бил направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари, а тоа го покажува и реализацијата на буџетот, што го објави Министерството за финансии.

Мицкоски обвини дека во првите три месеци од годината, со цел да се покријат изборите што требаше да се случат, потрошени се 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра.

Замислете, во исто така изборна година – 2019, буџетскиот дефицит во првите три месеци, односно тоа се средства помалку собрани од буџетот отколку потрошени во периодот јануари, февруари и март, изнесува нешто над 18 отсто, а за истиот тој период во 2020 година Зоран Заев и ова раководство на СДСМ, водејќи се исклучиво од лукративни мотиви, а со цел да постигнат подобар резултат на предвремените парламентарни избори во услови кога во светот владее пандемија на Ковид-19, извршуваат грабеж на народните пари во буџетот и трошат 43 отсто од буџетскиот дефицит. Односно, да бидам попрецизен, во првите три месеци СДСМ и Владата на Зоран Заев потрошиле 120 милиони евра, народни пари, повеќе отколку што за тој период собрале во буџетот. Ако се анализираат трите години наназад – 2019, 2018 и 2017 – ќе може да се забележи дека тој буџетски дефицит во првите три месеци се движи помеѓу 50 и 57 и пол милиони евра. Два и полпати повеќе е направен грабеж од страна на СДСМ и Зоран Заев на народните пари преку буџетот на Република Македонија, а со една цел – обид за поткуп и постигнување подобар резултат на предвремените парламентарни избори, кои требаше да се одржат на 12 април оваа година – додаде Мицкоски.

Зарем вака се исполнуваат ветувањата на Зоран Заев, кој пред да дојде на власт ветуваше се и сешто. Тој се заколна дека ќе облече железни опинци за граѓаните да стигнат до 500 евра плата. Ниту тој облече железни опинци, ниту пак граѓаните добија 500 евра просечна плата. Заев ветуваше и повисоки плати за докторите, кои останаа само ветување, поради што многу лекари ја напуштија земјава во потрага по подобар живот. Ветувањата за прилив на инвестиции, пукна како меур од сапуница. Не само што нема нови инвестиици, туку и дел од тие што беа тука, се повлекоа, а оние кои планираа да инвестираат во Македонија, ги префрлија своите планови во други земји. Не се исполни ниту ветуваниот економски раст и повисок стандард на граѓаните. Се на се, Заев за време на своето владење не донесе никакво добро на земјата и граѓаните. Она што земјава го почувствува како екононски подем, на почектокот на владењето на СДСМ, всушност беше резултат на економските политики на владејачка гарнитура на ВМРО ДПМНЕ, без никаков придонес на СДСМ. Тие само ги набраа овошките на претходно вложениот труд за економски подем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.