Која земја има највисок, а која најнизок јавен долг и буџетски дефицит? Пандемијата доведе до значајни трошења на јавните пари и до дополнителни расходи, кои влијаеа и врз јавните финансии. За помалите економии, како што е македонската, е особено важно задржување на умерено ниво на јавен долг и на буџетски дефицит со цел да не дојде до натамошно задолжување, кое може да има несогледливи последици врз стабилноста на економијата, пишува Независен.мк.
Но, како стои нашата земја во однос на земјите од опкружувањето, како и во однос на земјите членки на ЕУ и на Централна и источна Европа.
Според табелата што ја пренесе белградски Блиц, јавниот долг на Србија е 56 отсто од БДП, на Унгарија е 77 отсто, на Словенија 76, на Хрватска 79, а на ниво на целата Европска унија изнесува 90 отсто од БДП. Во табелата подолу, дадени се податоци за јавниот долг и за други земји, како и за буџетскиот дефицит.
Фискалниот совет на Србија ѝ сугерира на тамошната влада треба да ја искористи можноста за поамбициозно намалување на дефицитот и јавниот долг во 2022 година, штом ќе се увери дека фискалните движења се подобри од планираните и сметаат дека постои реална можност буџетскиот дефицит во 2022 година да биде поблиску до 2 отсто од БДП.
Во Македонија, сепак, тешко е дека ќе дојде брзо до намалување на буџетскиот дефицит што ќе овозможи и помал јавен долг во однос на БДП. Иако постои таква определба, сепак, според проекциите на Министерството за финансии, намалувањето на буџетскиот дефицит и на јавниот долг ќе оди побавно. Од Европската комисија, пак сметаат дека и ваквите проекции на Владата се преамбициозни и очекуваат целиот процес да оди побавно, односно да се оддолжи за година-две.
Ова се проекциите за Македонија на Министерството за финансии:
Според проекциите во Предлог-буџетот за 2022 година, се предвидува буџетскиот дефицит да изнесува 4,3 отсто од БДП или 544,4 милиони евра. Во однос на јавниот долг, пак, се очекува крајот на наредната година да достигне 65,5 отсто од БДП.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со предвидениот јавен долг, деновиве истакна дека 65,9 отсто е официјалната проекција од минатата година, но новите пресметки покажуваат дека годинава ќе ја завршиме со јавен долг од 63,5 во однос на БДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.