Со оглед на состојбата со корона вирусот и мерките кои се воведуваат за ограничување на изложеноста на граѓаните со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот, и поради можноста со претстојната исплата на пензиите да се зголемува изложеност на пензионерите како најранлива возрасна група, се предлага исплата на пензиите за јули 2022 година да се изврши во групи.
Владата на денешната седница ја усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.