Јавното претпријатие „Колекторски систем“ никако да профункционира со полн капацитет. Овојпат уште неотворено замислете го блокираа.

Општина Струга им ја блокира сметката за 2.500.000 милиони евра, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

Пресудата е добиена по доставената тужба за парите со кои бил покриван претходниот долг од страна на општина Струга за двете општини. Со самиот делбен биланс овој долг го презема новото претпријатие.

Власта треба да одговори зошто наместо нормално функционирање поприоритетно е вработувањето и доделувањето на бруто плати по партиски клуч?

Претпријатието се формира меѓутоа истото сè уште ги нема преземено полните наджлежности, така што надлежностите за заштита на животната средина, за одведување на отпадни води остануваат и понатаму под ингеренција на општина Охрид.

Наместо форографирање на секое претпријатието да се фокусира на справувањето со горливите проблеми кои нè засегаат сите нас, како што е проблемот за излевање на фекалиите во Охридското Езеро

Власта на СДСМ нема капацитет за работа и нови проекти за Охрид, истакна Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.