Советникот на министерот Драган Тевдовски Бранимир Јовановиќ си заминува од Министерството за финансии. Тој се огласи и на фејсбул каде ја образложи неговата одлука.

По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии. Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите. Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии. Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам – напиша Јовановиќ на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.