Во денешната емисија „Што не е јасно “ на телевизија Алфа гостуваше Бранимир Јовановиќ професор и поранешен советник во Министерството за финансии. Тој подвлече дека минитерката за финансии Нина Ангеловска е донесена директно од стопанската комора каде исто така членува и актуелниот вицепремиер. Потенцираше дека новата министерка за финансии е без искуство и без знаење односно експертиза од областа на финансиите.

Имате нова министерка без искуство и без знаење , експертиза од областа и директно од Стопанска комора значи од раководство на Стопанска Комора се инсталира да биде министерка за финансии во исто време кога вицепремиер во владата е повторно од таа иста Стопанска комора додаде Јовановиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.