Професорот и поранешен советник на Зоран Заев, Бранимир Јовановиќ,  за ТВ24 истакна дека планот за инвестииции треба да подлежи на ревизија, затоа што тој е нереален од многу аспекти кои произлегуваат од самиот план внатре, преку проектите кои 20 години не се реализирале, а ниту ќе се реализираат.

Јовановиќ посочува дека главниот проблем е што со планот се приватизира државата и природните ресурси, односно што со нив ќе располагаат мала група на моќни луѓе.

Според мене најзагрижувачки е тоа што планот е всушност приватизација на државата. Зошто, затоа што најголем дел од сите тие проекти, ако го отворите текстот ќе го видите тоа, се всушност јавно-приватни партнерства. Сите тие проекти што се во областа на енергетиката и слично се јавно-приватни партнерства. Улогата на државата во тие проекти е минорна, десет, дваесет посто нешто така.

 

Значи тоа практично значи дека ќе ги распродавате природните богатсва, убавини на оваа држава, реките, полињата за да се градат соларни централи или што и да е. Ќе ја распродавате државата на некои инвеститори дали домашни или странски не е ни важно, и на тој начин ќе обезбедите економски раст. Значи тоа е приватизација на државата. И уште поважно, предвидено е планот за реализацијата на истиот да ја координира некое координативно тело коешто ќе биде составено од приватни и државни фактори.

 

Од каде тоа, најдете ми друга држава во светот што доверува државни инвестиции, државни работи на приватни субјекти. Нема такво нешто тоа е недозволиво. Ако се реализира овој план, ние ќе останеме без држава, предупреди Јовановиќ.

Тој потенцира дека доколку се реализира овој план, ние ќе останеме без држава.

Значи се ќе биде приватно и не само што ќе биде приватно туку ќе припадне на мал број богати луѓе коишто и сега раководат со државата, но тогаш и де факто и де јуре ќе ја имаат државата, ќе ја поседуваат државата.

 

Стратегијата им е да продадат нешто државно – историјата се чини дека се повторува – вели Јовановиќ.

Текстот во целост на: ТВ24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.