Социјалниот дебакл кој компанијата Баргала, веќе неколку години го приредува во Штип, бара реакција и од Градоначалникот на Општина Штип Сашко Николов. Без оглед на фактот што станува збор за семејната фирма, како татко на градот, мора да се произнесе за социјалната катастрофа на 100тина семејства кои останаа без основна егзистенција, ова преку изјава за медиумите го истакна Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Градоначалникот има сериозна надлежност во областа на економскиот и социјалниот статус на граѓаните, па како и во секој друг случај, би требало да преземе итни и неодложни мерки за санкционирање на последиците, како и причините за оваа социјална катастрофа. Несомнено, Баргала е најголемиот производител не само на кожарски производи, туку и на проблеми и неправди во Штип, па оттука се поставува прашањето и за морално-етичкиот кредибилитет на сегашниот градоначалник. Истиот во неговите изјави ветуваше решавање не само на комуналните проблеми, туку и на економските и социјални проблеми на неговите сограѓани – вели Јорданов.

Тој додава или, „мојата Баргала“ е само за шоу-бизнис емисии, а кога имаме една ваква ситуација, тогаш Баргала станува компанија во кога градоначалникот нема никакво влијание?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.