Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2023 година
Со цел да се обезбеди заштита на лицата со ниски примања, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2023 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 291/22) (во натамошниот текст програма), Министерството за економија доделува финансиска поддршка на домаќинствата чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на месечно ниво на членовите на домаќинството во 2022 година (во натамошниот текст домаќинства) не го надминувал износот од:
– 19.000,00 денари за самец;
– 25.000,00 денари за домаќинство со два члена;
– 43.000,00 денари за домаќинство со пет члена и повеќе.
1.2 Доколку во домаќинствата од точка 1.1 член во домаќинството е и:
– корисник на правото на надоместок заради попреченост;
– самохран родител кој не е евидентиран корисник на гарантирана минимална помош и
– корисник на право на надоместок за телесно оштетување,
домаќинството ќе се смета за ранлив потрошувач со приоритет при доделување на финансиската поддршка.
1.3 Домаќинствата од точка 1.1 алинеи 1, 2 и 3 се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.
1.4 Домаќинствата од точка 1.1 алинеи 4 и 5 се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.
1.5 Доколку домаќинствата од точка 1.1 алинеи 1, 2 и 3 остварат заштеда од најмалку 10% од потрошената електрична енергија во тековниот месец споредено со истиот месец во претходната година, врз основа на податоците од универзалниот снабдувач, ќе се стекнат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во дополнителен износ во висина од 200,00 денари.
1.6 Доколку домаќинствата од точка 1.1 алинеи 4 и 5 остварат заштеда од најмалку 10% од потрошената електрична енергија во тековниот месец споредено со истиот месец во претходната година, врз основа на податоците од универзалниот снабдувач, ќе се стекнат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во дополнителен износ во висина од 300,00 денари.
1.7 Доделувањето на финансиската поддршка од овој оглас го врши Министерството за економија се до исцрпување на предвидените средства.
1.8 Домаќинствата од точка 1.1 се стекнуваат со финансиска поддршка со примена на принципот на најнизок вкупен нето доход на месечно ниво во домаќинството во 2022 година,
1.9 Домаќинствата од точка 1.2 од овој оглас се стекнуваат со финансиска поддршка без примена на принципот на најнизок вкупен нето доход на месечно ниво во домаќинството во 2022 година.
1.10 Доколку сите членови на домаќинството во 2022 година не оствариле доход нема да се стекнат со финансиска поддршка.
1.11 На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува финансиска поддршка од овој оглас.
1.12 Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
Барање за искористување на финансиска поддршка за лицата со ниски примања
Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата со ниски примања од точка 1.1 од овој јавен оглас кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на финансиска поддршка.
Барањето за искористување на финансиска поддршка се доставува на пополнет образец за барање кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството: www.economy.gov.mk.
Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи:
изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);
доказ за барателот и членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството);
фотокопија од последната добиена сметка за 2022 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;
лицата со ниски примања од точка 1.1 алинеја 1 (самец) од овој оглас доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна. Образецот на изјавата (ЗА САМЕЦ) може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk; и
Доколку во домаќинствата од точка 1.1 член во домаќинството е и:
– корисник на правото на надоместок заради попреченост;
– самохран родител кој не е евидентиран корисник на гарантирана минимална помош и
– корисник на право на надоместок за телесно оштетување,
Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува и следните документи
Потврда дека член на домаќинството е активен корисник на правото на надоместок заради попреченост и/или
Потврда за развод или посмртница за другиот родител или потврда за непознато или исчезнато лице за другиот родител и/или
Потврда дека член на домаќинството е активен корисник на право на надоместок за телесно оштетување.
Постапка за доделување на финансиска поддршка
3.1 Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите по пошта ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ЛИЦА СО НИСКИ ПРИМАЊА ЗА 2023 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА ЗА БРОЈ НА ЧЛЕНОВИ НА ДОМАЌИНСТВОТО (САМЕЦ, ДОМАЌИНСТВО СО ДВА ЧЛЕНА, ДОМАЌИНСТВО СО ТРИ ЧЛЕНА, ДОМАЌИНСТВО СО ЧЕТИРИ ЧЛЕНА, ДОМАЌИНСТВО СО ПЕТ ЧЛЕНА И ПОВЕЌЕ).
Лицата со ниски примања од точка 1.1 од овој оглас треба да достават уредно и комплетно барање со сите потребни документи наведени во точка 2.2 од овој оглас. Доколку поднесеното барање е неуредно и некомплетно, Комисијата, согласно член 39, став 3 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015) ќе се обрати до барателот и ќе бара во рок од 8 дена уредување и дополнување на барањето.
Едно лице може да поднесе само едно барање за финансиска поддршка на домаќинството.
НАПОМЕНА: Министерството за економија по службена должност преку Управата за јавни приходи и преку Министерството за труд и социјална политика ќе изврши проверка на податоците доставени од барателите по овој оглас (податоци за приматели на гарантирана минимална помош и податоци за вкупен нето доход).
4. Начин на остварување на правото на надоместок
За спроведување на активностите за реализација на финансиската поддршка од програмата, министерот за економија формира по една комисија за секоја од категориите од точка 1.1 од овој јавен оглас составена од по три члена и нивни заменици од редот на вработените во Министерството.
Лицата кои имаат поднесено барање, а немаат уредна и комплетна документација или на барање на Комисиите во предвидениот рок не ја доуредат или комплетираат поднесената документација нема да се стекнат со финансиска поддршка.
Списокот со лица кои се стекнале со финансиска поддршка согласно програмата (во натамошниот текст корисници на финансиска поддршка), се објавува на веб страната на Министерството.
Финансиската поддршка се доделува на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.
Финансиската поддршка ќе отпочне да се реализира по објавување на списокот од точка 3 од овој дел, а вкупното намалување за периодот додека трае огласот ќе биде изразено во првата следна сметка за потрошена електрична енергија откога ќе почне да се реализира финансиската поддршка. Корисниците на финансиска поддршка преостанатиот дел од износот на сметката за претходниот месец го плаќаат во рокот за плаќање наведен на сметката.
Доколку корисникот на финансиска поддршка не го плати преостанатиот намален износ на две последователни сметки, на предлог на Комисиите од точка 4 потточка 1, Министерот донесува решение со кое се укинува решението за стекнување на финансиска поддршка и за истото Министерството го известува универзалниот снабдувач и корисникот.
Во врска со овој јавен оглас, сите заинтересирани лица може да се обратат на телефонскиот број 02 3093 531.
Во врска со барањата, како и нотарските изјави кои треба да се приложат, повеќе информации ТУКА!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.