Тим експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (JICA) предводен од Акира Такечи се сретнаа со министерот за за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Насер Нуредини во врска со планираниот проект „Собирање и истражување податоци за управување со води во областа околу Охридското Езеро во Република Македонија“.
Проектот треба да се спроведе со експертска помош од реномираните јапонски стручни лица со богато повеќегодишно искуство во оваа област.
Со оглед на важноста на заштитата на Охридското Езеро како национално природно и културно богатство што е и меѓународно признато, реализацијата на овој проект е оценета како исклучитечно значајна. Проектот всушност значи ажурирање и надградување на податоците што се содржани во „Физибилитистудијата за подобрување на работата на колекторскиот систем на Охриското Езеро“ изработена во 2015 година согласно новонастанатите промени на терен – соопштија од МЖСПП.
Нуредини нагласил дека следна фаза би била изнаоѓање решенија за финансирање на колекторскиот систем и обезедување негова непречена работа, со што ќе се обезбеди максимална заштита на езерските води, а со тоа и зачувување на природните вредности и здравјето на луѓето и живиот свет околу и во езерото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.