Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, при посетата на Свети Николе посочи дека имал можност да се запознае со проблемите на граѓаните, како и да ги објасни мерките кои партијата ги предвидува за пензионерите.

Првично ќе ја вратиме старата методологија на начинот на пресметка на пензиите. Но и ветуваме, даваме збор пред граѓаните дека истите ќе бидат зголемени за 20%, или во апсолутен износ 3 и пол илјади денари во 4-годишниот мандат за секој еден пензионер, посочи Јанушев истакнувајќи дека тоа е само мал дел од партиската програма.

Генералскиот секретар на партијата порача и дека во следниот четиригодишен мандат како власт невработеноста ќе ја намалат под 10%.

Зголемување на платите за буквално сите од 25%, враќање на рамниот данок и во само првите 100 дена негово намалување на девет процентни поени. Но, исто така и дополнително намалување во 4-годишниот мандат со што Република Македонија ќе биде држава во светот со убедливо најниски даночни стапки“, истакна Јанушев во Свети Николе зборувајќи за економските мерки од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.