Вечерва во вестите на Канал 5 вклучување имаше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој што посочи дека ако Владата продолжи на овој начин да функционира како што досега функционира, тогаш до крајот на годината ќе имаме над 1 милијарда или поточно околу една милијарда и 300 милиони евра потрошени пари од буџетскиот дефицит, што е недозволиво.
Наместо да се искористат барем дел од тие пари за справување со Корона вирус, каде што би се покажала владата дека се грижи за здравјето на луѓето и пред се за здравјето на оние кои што ни се најпотребни, а тоа се здравствените работници, нагласи Јанушев.Јанушев додаде дека освен што може да се види дека во текот на пандемијата е како владата се бори за гол популизам, единствено што прават е пи – ар, само во таа сфера се добри-oбјасни Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.