Македонија е земја со силен земјоделски потенцијал. Со години земјоделието е потценето, а земјоделецот е оставен на раб на егзистенција. Земјоделскиот потенцијал на Македонија мора да биде искористен, тоа е сектор од во кој многу наши сограѓани може да најдат работат или отворат свој бизнис. Се обврзуваме на обнова на земјоделието, и воведување светски пракси. Во таа насока планираме 640 милиони евра само за субвенции. Дополнителни 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, како и 50% финансирање за набавка на нови грла овци и друг вид добиток од традиционалните сточарски гранки, изјави Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.
Нема да дозволиме земјоделците да плачат и да се мислат како да го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временските непогоди.Во таа насока се обврзуваме на покривање на 70% од осигурувањето на нивните посеви и насади.Сточарите ќе ги помогнеме и со намалување на ДДВ за ветеринарните услуги.Ќе го вратиме достоинството на земјоделецот.Исправи се Македонијо!Одбери обнова!, изјави Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.