15 туроператори од Молдавија се запознаваат со туристичките потенцијали на Македонија. По денешната втора B2B средба на молдавските туроператори со македонскиот туристички сектор, очекувањата се дека во 2022 година ќе се зголеми бројот на туристи од Молдавија. Според Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во сезоните до 2025 година во земјава се проценува дека ќе има зголемен број на туристи од источните земји.
Од 2022 и некаде до 2025 година ќе треба да очекуваме туристи од источните земји од Руската федерација, од Украина од Молдавија па и од Белорусија на подолг рок бидејќи тие пазари се повеќе и повеќе се заинтересирани за Охрид и за Македонија. Тоа го докажаа и линиите коишто се воспоставија од привремен карактер кога се во прашање Москва, Санк Петербург, Киев – Скопје. Веќе се потпишани одредени пред договори за тие чартер летови токму од тие дестинации, вели Јаневски.
Кога се во прашање молдавските туристи, 2020 и 2021 година се карактеризирани со одредени автобуски тури. Оваа инфо тура покажала дека молдавците покажуваат интерес за Охрид и Македонија како туристичка десцинација и се очекува хотелиерите и тур-операторите да постигнат договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.