Одговорност за увозот и употреба на штетниот мазут ќе има, тврди вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, откако и премиерот Заев кажа дека по анализите откриена е поголема количина на вода како и недозволена прашина.
Николовски не откри многу детали, но вели дека материјалите се уште се прибираат, а целосниот извештај за тоа кој злоупотребувал ќе биде објавен веќе во вторник.
Правиме максимален притисок институции да постапуваат по секој еден случај каде им прекршок бидете убедени дека ќе има одговорност, сите информации ќе се достапни за граѓаните само уште малку трпение, утре да направиме координација и верувам дека во вторник Владата ќе ги соопшти сите инфромации, истакна Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција
Вицепремиерот на прес конференцијата се осврна на последниот извештај за транспарентноста на институциите изработен од Центарот за граѓански комуникации, кој покажува подобрување од 5% во однос на лани.
Сепак, одредени општини и институции традиционално се на дното на листата по отвореност. Николовски уверува дека се работи со нив и дека сите забелешки и
Ние сме тука да правиме притисок и да ги мотивираме и општините кои се на дното на листата на транспарентност. Затоа активно работиме со сите општини да сите документи и информиации кои граѓани треба да ги знаат вкупно 22 такви документи, бидат јавно објавени на веб страните. Ние не само што правиме мониторигн туку и ги мотивираме, не само општини туку и сите останатите институции, изјави Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.