Во извештајот на ММФ се вели дека пандемијата го стави светот во криза каква што не е видена до сега и дека продолжувањето на пандемијата ќе ја тестира можноста на владите и централните банки да ја контролираат кризата.
Иако, Меѓународниот монетарен фонд го пофали брзиот одговор на кризата во земји како Велика Британија, Германија, Јапонија и САД, сепак предвидува дека ниту една земја нема да го избегне падот и рецесијата.
ММФ очекува пад на глобалната економија годинава и намалување на светскиот БДП за 3 проценти, што е драстично полошо од проценките по рецесијата која ја зафати економијата поради светската финансиска криза во 2008 година.
Гита Гопинат, главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд верува дека големиот карантин со кој се соочува светот е мрачна реалност за креаторите на политиките. Таа смета дека се предвидува делумно закрепнување на економијата во 2021 година, но многу поголема е веројатноста рецесијата да се пролонгира и во текот на целата следна година, доколку светските влади не успеат да пронајдат одговор за опасниот коронавирус.
Од ММФ прогнозираат дека ако пандемијата трае подолго од очекуваното без да се воспостави контрола, ќе следи втор бран во 2021 година, и тоа ќе значи загуба за дополнителни 8 процентни поени од глобалниот БДП.
ММФ утврди четири приоритети за справување со пандемијата на Ковид-19, да се обезбедат повеќе пари за здравствените системи, поголема финансиска поддршка за работниците и бизнисите, континуирана поддршка на централната банка и јасен излезен план за закрепнување од кризата.
Го повика светот да работи заедно обединето со цел да најде и дистрибуира третмани и вакцина против Ковид-19.
За крај, Фондот додаде дека на многу земји во развој им треба значително олеснување на долговите во наредните месеци и години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.