Управата за јавни приходи (УЈП) спровела голем број контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрекла повеќе од 400 глоби.
Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број акции и контроли – соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска, во одговор на новинарско прашање на прес-конференција по повод „Две години МојДДВ со граѓаните“.
Таа додаде дека во периодот кога беше најголемиот бран на Ковид кризата оделе само превентивно кај сите даночни обврзници.
По завршувањето на бранот имаме направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава – прецизира Лукаревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.