Со писмено соопштение до медиумите, Сојузот на стопански комори ја демантираат изјавата на министерот Венко Филипче, која утринава ја даде во врска со тоа приватниот сектор да се приклучи кон правилото за своите вработени, задолжително да се вакцинираат, исто како што ќе започне да важи, за лицата вработени во јавниот сектор, 10-тина дена по донесувањето на одлуката на владината седница.

Речиси овие две години од почетокот на пандемијата дава активен продонес преку постојано следење на мерките и доставување на свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување се со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици во економијата. Во таа насока сакаме да истакнеме дека изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна бидејќи нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови на вакцини и релевантни информации за нивната безбедност, се вели во писменото соопштение на ССК до медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.