Повеќе пари за граѓаните, но и за стопанството. Собранието го изгласа најтешкиот буџет од 3,7 милијарди евра за 2019. Рекордниот буџет носи и позиционирани ставки во повеќе области. Фокусот ќе биде насочен кон повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда. Но колку сето ова е реално остварливо.
Економистите оптимисти, но половично. Се согласуваат дека ова е историски најтешкиот буџет до сега. Велат дека постојат ризици и од страна на приходите, но и од расходите. Што се однесува до капиталните инвестиции кои периодов потфрлија, познавачите на состојбите очекуваат минимално поместување, вели за Алфа универзитетскиот професор Трајко Славески.
Во буџетот има пари за се – најмногу за плати, пензии и социјални трансфери. Предвидени се близу 2,2 милијарди евра, или две третини од буџетот. Значаен дел се одвојува и за капиталните инвестиции – 423 милиони евра. Се планираат повеќе капитални проекти, а фокусот ќе биде на железничката, енергетската, комуналната инфраструктура. Ваквите најави влеваат оптимизам дека 2019 ќе биде економски подобра година и за стопанството, кое бавно закрепнува по кризната 2017 година.
Бизнисмените се надеваат дека конечно ќе бидат сведоци на прогнози и проекции кои и во целост ќе се реализираат. Тие реагираат на зголемување на платите во јавната администрација во услови кога нема позначајни кастрења, ниту пак мерки за зголемување на нејзината ефикасност, вели за Алфа економскиот експерт Фатмир Бетиќи.
Сепак, буџетот според најавите треба да обезбеди повеќе пари и подобар живот за граѓаните. 36 милиони евра се планираат за социјалната реформа. Ќе има пари и за детски и образовен додаток за семејствата со минимална плата, а ќе се зголеми и социјалната помош. Здравствените работници ќе добијат за 10% зголемување на платите, а во септември уште дополнителни 5% заедно со останатите во јавниот сектор.
Инаку вчера Собранието, со 61 глас „за“ и 15 против, го изгласа историски најголемиот буџет, со проектирани расходи од 3.7 милијарди евра и вкупни приходи од 3.4 милијарди евра.
Преземено од Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.