Партиските вработувања во јавната и државната администрација се во полн ек и во време кога државата се соочува со голема економска криза.
Додека бројот на невработени се зголемува, угостителските објекти се затвораат, а стопанствениците молат за помош од државата, Министерството за финансии има потреба од вработување на 12 државни службеници.

Во моментот е активен оглас за вработување на 12 државни службеници и тоа по еден државен советник за односи со јавноста и државен советник за прашања од финансискиот систем, а нето платат со која ќе бидат платени е дури 38.689 денари. Потоа, во кабинетот на министерот се вработува по еден помлад соработник преведувач од македонски на албански јазик и обратно со нето плата од 22.020 денари, соработник преведувач од македонски на албански јазик и обратно со нето плата од 23.608 денари, виш соработник преведувач од македонски на албански јазик и обратно со нето плата од 24.402 денари.

Кабинетот на министерот има потреба и од еден советник за протоколарни работи а лицето на оваа позиција ќе биде платено со нето плата од 26.254 денари.
Понатаму, министерството за финансии има потреба и по еден извршител на позицијата помлад соработник за работа со пазар на капитал, помлад соработник за инвестициски фондови во секторот за финансиски ситем, а нето платат со кои ќе бидат платени овие државни службеници изнесува 22.020 денари.
Секторот за трезор при министерството за финансии има потреба и по еден извршител на позициите помлад соработник за статистички извештаи и анализи, помлад соработник за исплата на буџетски корисници, фондови и единици на локалната самоуправа, помлад соработник за одобрување на финансиски планови и водење на регистар на буџетски корисници, а нето платата на сите три позиции изнесува 22.020 денари.

Секторот за управна постапка има потреба од едно лице на позицијата помлад соработник за првостепена управна постапка во подрачното одделение за првостепена управна постапка со мето плата од 22.020 денари.

Но, не само Министерството за финансии, изминатиот период сме сведоци на се поголем број на активни огласи од страна и на другите државни институции, како и на активни огласи за вработување во општините, што дополнително потврдува дека владата продолжува да се однесува неодговорно во време на пандемија кога наместо да носи мерки за помош на економијата, продолжува да вдомува партиските активисти.

Но, не за џабе рекле дека од државната чешма водата е најслатка, па така додека во изминатиот период изјавува дека државната и јавната администрација мора да биде квалитетна, компетентна и во служба на граѓаните, сега не прават ништо друго освен што во државните и јавни институции наголемо вработуваат партиски кадри без никакви критериуми со парите на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.