Претседателот на Комисијата за транспорт Синиша Ивановски, во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија истакна дека Македонија е слепо црево на Европа во инфраструктурата, како и тоа дека три години не слушнавме за процент на реализација, ниту точни рокови кога ќе се завршат инфраструктурните проекти.
Ние остануваме слепо црево за жал тоа е изразот, во Европа од аспект на инфраструктурата, повторно слушаме милион причини зошто не можеме, а зошто господине Бочварски не и дадете на јавноста барем некаков груб рок кога би бил готов автопатот Кичево-Охрид, ВМРО-ДПМНЕ дури во својата изборна програма имаше рок на завршување до 2018 година, посочи Ивановски.
Ивановски го даде за пример автопатот „Арбен Џафери“ кој води до Приштина кој што е со слична должина како автопатот Кичево – Охрид со слични карактеристики кој што е завршен за многу покус временски период.
Ние не слушнавме три години колкав е процентот на реализација на автопатотот Кичево-Охрид, а она што се гледа на терен е дека прогрес на тој автопат нема, оправдување нема за овој автопат и треба да се даде разумен рок пред јавноста кога истиот ќе биде готов, посочи Ивановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.