На трибината за промоција на политики „Македонија за сите луѓе“, претседателот на комисијата на транспорт и урбанизам на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Ивановски, порача дека ВМРО-ДПМНЕ планира сериозен инфраструктурен развој во пелагонискиот дел, а дел од тој развој ќе биде електрификација на пругата Велес-Прилеп со современи модерни локомотиви и возови и акцент на автопатот Прилеп-Битола кон Меџитлија, што ќе резултура со силен развој на економијата.

Она што ние ќе го направиме како прва работа, ќе направиме електрификација на пругата од Велес до Прилеп со модерни современи нови возови и локомотиви. Ние ќе ставиме сериозен акцент на развојот на пелагонискот регион, на автопатот Прилеп кон Битола и кон Меџитлија. Ќе направиме сериозен развој на економијата и на инфраструктурата во овој регион и во Македонија.

 

Нека седнат на страна уште малку и нека не гледаат нас како ја градиме инфраструктурата на оваа држава со посебен акцент на пелагонискиот регион којшто тотално го запоставија четири години. За овој регион е важен самата железница. Во бројки најголем дел од сите патници во Македонија во железница се од Прилеп и Битола – изјави Ивановски.

Тој потенцира дека СДСМ целосно потфлиле во делот на инфраструктурата, а тоа се гледа и со изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој за четири години нивна власт нема ни 10% реализација со што и туризмот и економијата трпат сериозни штети.

Ќе го спомнам и автопатот Кичево-Охрид. Само една кратка илустрација – почна да се работи 2014 година 57 километри на примо-предавање на власта ВМРО со СДСМ имаше скоро 50% изграденост. Поминаа четири години, а мрдна напред само едвај 10%. Значи туризмот во Охрид, во Кичево којшто треба да го заживее овој автопат го запоставија во целост – изјави Ивановски.

Ивановски исто така го спомна и клиничкиот центар кој власта го проектира на пола милјарда евра, а нема никаква информација ниту како ќе изгледа ниту каков било податок за инфраструктурата на тој проект. Тој потенцира дека на тој начин не се гради инфрастуктура и дека СДСМ мора што поскоро да си оди за ВМРО-ДПМНЕда  ја почне инфраструктурната офанзива во државата.

Побараа пола илијарда евра за клиничкиот центар во Скопје. Пола милијарда, а немаат проект. Тоа значи дела ние даваме пола милијарда, а не знаеме тој клинички ценар дали ќе има пет згради, дали ќе има осум згради, дали ќе има паркиралишта, катни гаражи, дали ќе се паркираме некаде на рамно. Нема ништо, ни знаење, ни инфраструктура, ни ништо и ајде наеднаш пола милијда евра. Така инфраструктура не се гради – заврши Ивановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.