Претседателката на Антикорупциската комисија во денешното обраќање на одбележувањето на Денот на борбата против корупцијата повтори дека новиот новиот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, не може во моментов да ја извршува оваа функција.

Како на поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика не е поминат законски предвидениот рок од две години пред да ја превземе новата функција, рече првиот човек на Антикорупциска како учесник на трибината.

Рамадани беше заменик-претседател на РКЕ, а како предлог на ДУИ минатиот месец беше назначен за претседател на Управниот одбор на Електропреносниот систем на местото на Ева Шуклева.

Ивановска рече дека ДКСК обработила и голем број на пријави за недозволиви вработувања во областа на непотизмот од страна на директорите на јавните претпријатие, но дека до сега ниту едно не било прифатено од Управните и Надзорните одбори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.