Морав итно да се вратам во Русија поради технички преглед на автомобилот.
Вака гласи последната порака која Максим Максимов, директор на „Нефа намештај“ им ја испратил на менаџерите во Србија на само неколку дена пред оваа фирма да исчезне преку ноќ, објави српски „Блиц“. Тој оставил без работа околу 550 работници во двете фабрики во Србија, а многу муштерии и во Македонија и во Србија без нарачаниот платен мебел.
Според податоците на српската агенција за стопански регистри, зад целата афера стои рускиот „крал на креветите“ Андреј Ходашевиќ, сопственик на две големи фабрики за мебел „Много мебели“ и „Корол Диванов“ во Русија, кој преку лавиринт од други фирми „Спилит“ и „Холодекс“ е сопственик на „Нефа мебел“ во нашата земја и Србија.
Извор: Блиц
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.