Цената на нафтата отиде во минус, со што ги натера продавачите на нафта да им плаќаат на купувачите за да се ослободат од залихите.
Цената на суровата нафта за испораки во мај денеска на берзата во Лондон падна пониско од еден долар, достигна еден цент и отидe во минус, откако снабдувачите започнаа да плаќат за испораки во мај, за да можат да ги ослободат терминалите.
Американската лесна нафта го продолжува својот пад и цената достигна до минус три долари за барел. Тоа е последна цена на затворањето на сесијата за тргување. Неколку часа пред затворањето, цената беше еден цент за барел за испорака во мај.
За споредба, во 2011 година, таа нафта чинеше речиси 114 долари за барел.
Падот на цените на суровата нафта е поради растежот на количините на складирана суровина, капацитетот на терминалите е искористен максимално затоа што нема купувачи.
Побарувачката за сурова нафта драматично се намали како резултат на замрзнување на економската активност во голем број на земји поради пандемијата на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.