Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на сметките на 6.469 субјекти исплати 220.265.958,00 денари за трета фаза произведено и предадено млеко.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средства од мерката директни плаќања за произедено кравјо, козјо и овчо млеко.
Во согласност со оваа мерка финансиска поддршка од 3,5 денари за литар произведено и предадено млеко е исплатена за фармерите што имаат произведено кравјо млеко, а 4,5 денари за литар добиваат сточарите што во периодот мај – септември произвеле и предале овчо и козјо млеко. Заедно со денешната исплата од над 220 милиони денари на сметките на сточарите, само за произведено и предадено млеко во 2020 година исплатени се вкупно 483 милиони денари, информира Бачовски.
Средства за исплата на земјоделски субвенции има, земјоделците се наш партнер и грижата за овој сектор е приоритет на оваа Влада. Агенцијата продолжува со пракса на неселективна исплата за сите што правно законски ги исполнуваат условите за добивање финансиска поддршка во земјоделството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.