Од Синдикатот на УПОЗ информираат дека исплата на К-15 прекинала кога се распишаа локалните избори, па оние кои не го добиле, треба да чекаат да завршат изборите.

Претседателот на овој синдикат, Пецо Грујовски, вели дека тука нема проблем, зашто регресот треба да се исплати до крајот на годинава и за него се обезбедени средства во буџетот, но останува проблемот со ланскиот регрес, кој на вработените во јавната администрација, кои ги има околу 20.000 им следуваше, а не го добија.

Не отстапуваме од тоа да се исплати К-15 за лани, кој вработените не го добија со еднострана одлука на Владата поради кризата предизвикана од пандемијата. Тоа е право од Колективниот договор кој важи за 2020 и 2021 година. На Владата и понудивме солуција, ако нема пари да подели К-15 само за членовите на синдикатот, но не прифати. Предупредуваме дека ако јавните административци не ги добијат овие пари може да тужат, а тоа Владата ќе ја чини три пати поскапо, зашто ќе треба да плати и судски, адвокатски, нотарски и извршителски трошоци, вели Грујовски.

Инаку, според Колективниот договор што ги опфаќа 20 илјади јавни административци најниската вредност на К-15 е 9.000 денари, но, може да достигне и до 60 проценти од просечната плата во државата, што изнесува околу 16.000-17.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.