Европскиот суд за човекови права оцени дека Македонија не го заштитила имотот на лицата кои не сакале да ја подмират фиксната сметка за топлинска енергија на исклучените станови од мрежата за централно греење, јави дописникот на МИА.

Тужителите Стрезо Стрезовски, Цане Николовски, Ацо Спасовски, Јосип Јуван, Зоран Костовски, Трајанка Накевска, Енвер Исени и Соња Налбанти – Димоска, кои се државјани на Македонија, со место на живеење во Скопје, се пожалија дека биле должни според националните регулативи да им плаќаат на приватните добавувачи фиксна сума за затоплување на нивните станови, иако тие веќе не биле поврзани со мрежата за греење.

Сите тужители се сопственици на станови во станбени згради кои се поврзани со мрежа за централно греење, управувана од приватни добавувачи. Нивните станови беа исклучени од оваа мрежа или на нивно барање или на барање на поранешните сопственици пред 2012 година, датумот на влегување во сила на регулативата со која се обврзуваат корисниците кои веќе не се поврзани со мрежата да им плаќаат на приватните добавувачи фиксна годишна претплата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.