Народната банка проценува пад од 26 проценти на приватните трансфери годинава, додека на среден рок се очекува нивно закрепнување.

Оваа година очекуваме да забележиме пад кај приватните трансфери, причината е повеќе од јасна, неповолното опкружување и неповолната состојба на меѓународните пазари каде што всушност живеат голем дел од иселениците кои ги праќаат дознаките –  изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежовска, одговарајќи на новинарско прашање. 

Како што Гувернерката информира дека паѓаат приватните трансфери што доаѓаат преку неофицијалните канали, претежно во кеш, но се забележува раст на трансферите преку финансиските канали. Сепак, како што укажува Ангеловска-Бежоска, првата компонента е важна и ја детерминира вкупната промена.

Оттука на годишна основа очекуваме пад од 26 проценти, а на среден рок постепено закрепнување согласно со подобрувањето на глобалните услови и постепено враќање на претходните нивоа. Но, навистина очекуваме тоа враќање да биде поумерено имајќи ја предвид се уште високата неизвесност. Нашите проекции всушност се во линија и со тие на Светската банка, која што на глобално ниво проектира пад на дознаките од околу 20 проценти – вели Ангеловска Бежоска, на прес-конференцијата посветена на најновите проекции на Народната банка за состојбите во економијата. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.