Нареднава недела ќе се знае дали Стојко Пауновски заминува од директорското место во Пазарниот инспекторат. Владата најави разрешување, што може да се случи веќе во вторник, а неговите колеги се надеваат дека министрите ќе се премислат, откако ќе ги сослушаат нивните аргументи.
На петицијата што утре ќе биде поднесена во Архивот на Владата, потпишани се над 90 одсто од вработените во Пазарниот инспекторат од сите возрасти, етнички и партиски определби, вели портпаролката Александра Котели.
Бараат Владата да земе предвид дека Инспекторатот изразил подготвеност да преземе 12 од предложените 33-ца од програмата К-5 и за нив се прават измени во систематизацијата. Тоа се „рамковно вработени“ со економски или правен факултет, со кои веќе имало интервјуа за нивно конкретно ангажирање.
Но, во Инспекторатот не треба да работат детективи, криминалисти и јавна администрација, смета директорот Пауновски, а неговите колеги се согласуваат и дека потребата од кадровско зајакнување е поголема во источниот дел од земјата, а не во западниот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.