Иницијативниот одбор на Македонските тутунари повикува на протест пред Владата на 4 јануари 2021 година со почеток во 12 часот поради незадоволство од проценката на тутунот.
Почитувани тутуно производители и земјоделци, ИО Македонски тутунари, повикува на протест пред Влада на Република Македонија на ден 04.01.2021 година со почеток од 12часот до 16часот. Да го искажиме нашето незадоволство од проценката на тутунот и сите други неправилности што се прават на наша штета оваа година. Ги повикуваме сите земјоделци да ни се придружат. Нема да има организирано провоз,секој кој е во можност нека ни даде подршка. Повикуваме на масовност, велат од ИО Македонски тутунари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.