Двочасовна инфосесија за процесот на аплицирање за предлог-проекти за поддршка преку ИПА, од заинтересирани страни од Западен Балкан ќе се одржи денеска во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.

Процесот на аплицирање беше отворен од 8 ноември 2021 година и трае до 23 декември годинава. Ова е четврти повик од формирањето на Фондот за Западен Балкан (ВБФ) во 2017 година, но прв што се објавува со значајна поддршка од Европската Унија, која ќе кофинансира регионални грантови преку ИПА – Инструментот за претпристапување.

Примарни корисници на заедничката акција на ЕУ/ВБФ се граѓанските организации, а други подобни потенцијални грантисти се непрофитни здруженија и организации, фондации, образовни институции, регионални мрежи, локални и регионални јавни субјекти.

Тимот на ВБФ ќе патува низ регионот за да се сретне со засегнатите страни и потенцијалните грантисти на инфосесиите, за време на кои сите заинтересирани ќе добијат детални информации за тоа како да аплицираат и како да формираат партнерства во регионот.

Апликациите може да се поднесат преку системот за аплицирање што се наоѓа на официјалната веб-страница на Фондот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.