Македонија се соочува со сериозна ерозија на капацитетите за справување со најголемата криза која што ја гледа и Македонија и Европа во последните декади, истакна на денешната прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Во однос на економијата на бизнисот итно му е потребна инјекција, свежи пари и помош. Потребни се капитал и знаења за да се помогне на бизнисот. Што побрзо да се преземат мерки за да се спречи економска катастрофа. Веќе има поголеми отпуштања од работа во одредени градови во Македонија, и очекуваме во следниот период тие за жал да продолжат. Покрај угостителството, туризмот транспортот, се повеќе ќе биде погодена и автомобилската индустрија затоа што најголем дел од странските и домашни капацитети кои што работат во Македонија се поврзани со автомобилската индустрија, а автомобилската индустрија веќе влегува во рецесија во Европа.
Имаме веќе најави за отпуштања на огромен број на работници, насекаде низ Македонија, за тоа владата не презема ништо.
Затоа предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија што работа е поврзана или е погодена со ситуацијата. Второ замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за месец март а доколку е потребно и кризата продолжи, и за месец април. Трето, владата да ги преземе обврските да ги сторнира и да ги плати каматите по однос на кредитите на компаниите за месец март, а доколку продолжи кризата и за месец април. Четврто државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50% од вкупниот трошок за вработените, односно 50% од бруто плата. И конечно последно потребно е веднаш да се направи анализа на сето она што се случува во моментот, кои сектори и компании се погодени и на истите да им се исплатата субвенции од страна на државата како би можеле да го преживеат овој период.
Смешни 5 милиони евра не ја решаваат состојбата. Државите околу нас одат со помош која што се брои во стотици милиони евра, дури и во милијарди евра. Потребни се субвенции за најпогодените сектори.
Исто така еден сектор кој што досега не беше споменуван, а е многу значаен е транспортниот сектор. Предлагаме да не се плаќа патарина за сите оние кои што вршат транспорт на патници и на стока. Државата да ја преземе обврската за трошоците за регистрација на возилата, камионите и автобусите при следната регистрација. Поедноставено транспортните компании да не ја платат следната регистрација кога ќе ги носат возилата за регистрирање. Трето да се поделат субвенции за овие компании.Ова не е битка за поени, ова прераснува во нитка за опстанок на државата. Се што ќе се става под тепих ќе излезе и тоа многу побрзо од тоа што се очекува и тоа за жал овие денови.
Укажуваме јавно што треба да се преземе и кои чекори треба да се преземат. Пред месец дена апелиравме за чекори кои што денеска се преземаат. Повикуваме овие мерки да се преземат денеска за да го спасиме македонското стопанство, како и да го спасиме здравјето на граѓаните.
Неспособноста на владата за жал ја видовме и ја плаќавме со криминал и сиромаштија да не ја плаќаме со човечки животи и изгубени работни места. Едноставно кажано, неспособни се и аматери ја водат државата но, тие се во моментов и мора да направат се, за да се спречат последиците со кои што се соочува Македонија.
Ние чесно им ги нудиме нашите совети, нашите барања, тоа што можеме да го направиме како опозиција, стручни тимови во делот на здравство, во делот на економијата работат во ВМРО-ДПМНЕ, и затоа повикуваме овие мерки да бидат послушани, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.