Владата утре ќе се задолжи за нови 50 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.000.000.000 денари или околу 50 милиони евра.

Експертите одамна алармираат за огромните задолжувања кои ги прави оваа влада, најмногу поради тоа што тоа се прави во услови на отсуство на капитални инвестиции, инфраструктурни и стратешки проекти.

Јавниот долг исто така го надмина плафонот односно психолошката граница од над 50 отсто од БДП што според економистите е опасен факт посебно за слаба економија како што е македонската.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.