Поранешен вработен во ЕВН сподели искуство од времето кога работел во ЕВН. Она што многу добро го знаеме од прва рака. Во Македонија има граѓани кои со години не плаќаат струја, поеднакви од еднаквите, на кои освен што тековно им ја плаќаме сите заедно струјата, Владата ќе им ги отпише долговите и со пари од Буџетот, повторно наши пари, ќе му ја закрпи дупката на ЕВН.

Во 2013 кога работев во ЕВН, бев 60 дена во реон Арачиново, Пластичарска и Бит пазар во Скопје. Што да ви кажам, анархија како на ниедно место, струја никаде не се плаќа, кражби на струја, а загубите 65%… Требаше да дислоцираме броила надвор од куќите. Им беше ветено на Албанците дека ако дозволат дислокација, две години нема да им исклучуваат струја за застарени сметки. При работата открив преку 100 кражби на струја, но не смеевме да ги пријавиме зашто така ни беше наредено, само дислокација другото да не нè интересирало. Како што знам, тие пак си терале по исто до 2015. Ако пробаат да им исклучат струја на Албанците во тие реони, тие им кршат сите надворешни ормари. ЕВН бара од државата помош за да им обезбеди да стопанисуваат бидејќи државата е должна тоа да го обезбеди. И од немоќ државата му дава на ЕВН 14% признаени загуби низ водови, кои во нормалниот свет се 8%. Таа разлика од 6% ЕВН си ја користи, а во исто време пак се насобираат за наплата сметки и таа си ги фактурира и лежат како ненаплатени долгови. 6% плаќаат ЕЛЕМ и МЕПСО, односно ние граѓаните, па сега вие донесете заклучоци. Нешто што го знаеме сите, освен владините коалиции … т.е. знаат ама…, пишува во објавата на Фејсбук Борис Каески.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.