Душан Илиевски преку својот Фејсбук профил упати јавен повик до Антикорупциската комисија, објавувајки дека извесен Благоја С. од Демир Хисар, зема плата од повеќе работни места. Илиевски пишува дека Благоја иако зема плата од наведените места не се појавува на работа. Односно Благоја С. според пишувањата на Илиевски е вработен во „Македонски Пошти“ во Демир Хисар, но на тоа работно место никој не го видел. Во објавениот статус на Душан Илиевски стои и дека Благоја С. едната ќерка си ја поставил за директорка, додека другата исто така е вработена, но е и член во два управни одбори, исто како и неговата сопруга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.