По протестите, Движењето против коцкање одлучи да поднесе амандмани во Собранието, а беа прифатени од страна на пратениците. Членовите на ова Движење изјавија дека се задоволни од поддршката на албанските политичките партии. Тие се надеваат дека конечно ќе успеат да го победат, како што велат, злото кое ја зароби младината на Македонија.
Бевме на средба со пратениците, предлагачи за промена на Законот за игрите на среќа и Претседателот на Собранието, каде доставивме наши амандмани и барањата од протестот од 21 декември. Добивме уверувања од пратениците и од Претседателот на Собранието, дека овој закон ќе помине и дека игрите на среќа, според нашите барања ќе бидат оддалечени 3 километри надвор од градот. Имаме поддршка од сите албански политички партии, безрезервна од сите, но СДСМ е многу резервирана“, изјави Ејруш Емрулаи од Движење против коцкање.
Реџаил Исмаили од ДУИ, ја поддржува иницијативата на Движењето против коцкање. Тој изјави дека во среда во Комисијата за финансии и буџет, во која ќе учествува ова Движење, ќе ги постави овие прашања за одредување на датум за одржување на јавна дебата.
Со иницијатива на Движењето против коцкање, ние пред три месеци предложивме, а предлог законот е во собраниска процедура, помина во првото читање, а денеска имавме средба за да ја потврдиме поддршката за иницијативата на Движењето против коцкање и за да продолжат понатамошните постапки во врска со предлог законот кој е во собраниска процедура. Ние имаме решение кое ќе биде прифатливо за населението, и овој проблем ќе го решиме еднаш засекогаш. Значи уште еднаш повикувам, по јавната дебата, да седнеме сите парламентарни групи и да го решиме овој проблем“, изјави Реџаил Исмаили, пратеник од ДУИ.
И пратеникот на Движење Беса, Фадиљ Зендели, изјави дека незрезервно ја поддржува, и смета дека таа е за доброто на сите.
Ги поддржуваме сите движења што се против коцкањето, го поддржуваме и Движењето против коцкање од Тетово, за дислоцирање на овие објекти кои се во близина на училиштата или другите институции. Би било во интерес овие објекти да се дислоцираат и по можност да се земе моделот од Албанија за забрана на нивна дејност. Јас како пратеник на Собранието, ќе го дадам својот максимум за да ги поддржам во нивните намери кои се во интерес на граѓаните на Македонија“, изјави Фадиљ Зендели, пратеник на Движење Беса.
Барањата на Движењето против коцкање, кои произлегуваат од протестот одржан во Тетово на 21.12.2018 се:
Сите објекти на игри на среќа (казината, спортски обложувалници и сите слични игри на среќа) да се оддалечат 3 км од населените места;
Одвојување на 5% од буџетот кој доаѓа од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес ( училишта, градинки, библиотеки, болници, здруженија и центри кои организираат активности за рехабилитација на зависниците од игрите на среќа);
Да се изготви национална стратегија за едукација на учениците, студентите и сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.