Празно место помеѓу две загради. Тоа е јазикот на кој грчките производи се увезуваат во Македонија.
Во декларациите на производите од Грција ги има ознаките за јазиците на земјите каде што се извезуваат, кратенката на земјата каде што тие производи се продаваат. Но не и во случајот со Македонија. Тој дел од декларацијата, во случајот со увозникот Македонија од страна на извозникот Грција, е означен со – ( ), пишува „МКД“.
Такви се декларациите на пример на сладоледите „кри-кри“, кроасаните „7 дејс“, „бејк ролс“, некои јогуртчиња…
Во Законот за безбедност на храната, Правилникот за начинот на означување на храната и Законот за заштита на потрошувачите пишува дека во Македонија задолжително е секој производ да има декларација на која на македонски јазик треба да го пишува името на храната, списокот на состојки, количеството на одредени состојки или категории на состојки, нето-количество на храната, рок на трајност, или датумот за „употребливо до“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.