Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски упати жестока критика за политиките на власта и начинот на кој што Владата на СДСМ се справува со епидемијата на коронавирусот. Според него целото стопанство во моментов е оставено на милост и немилост.

Вие го оставате стопанството два месеца на милост и немилост. Затоа ние велевме интензивна брза акција и во март, сега веднаш во април требаше да се плати, за луѓето да ги задржат вработените за март. Ако се тргнеше и ако ги спроведоа сите оние работи кои што ние им ги велевме, ако народната банка ја намалеше каматата на благајничките записи и дел од тие пари завршија во државни хартии од вредност. Вчера слушав тука се мешаат поими, ликвидност, едно друго, навистина бев зачуден од сето тоа незнаење – вели Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека во моментов се потребни итни мерки и свежи пари во економијата. Тој посочи дека треба да се вбризгаат пари и да се троши, а парите треба да ги обезбеди Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.