Актерката од Драмскиот театар Сања Арсовска, учесничка во Шарената револуција, на социјалните мрежи го искоментира односот на новата министерка за финансии, Нина Ангеловска кон непродуктивните трошења.
Во интервју за МИА, новата министерка за финансии зборува дека ќе биде скржава за непродуктивните трошења кои не придонесуваат за економски раст, а ќе има отворено срце за инвестиции што ќе враќаат пари.
Во државата постојат три сектори што не придонесуваат за економски раст, здравство, образование и култура. Сите три сектори се во очајна состојба, но се главни чинители во градењето и одржувањето на едно општество.
Ваквиот став на министерката јасно ја покажува нејзината капиталистичка ориентираност и третманот кон “изедниците” на македонското општество кои само прават штета на економијата.
Ок ако е така, и докторите ќе оперираат скржаво, наставниците и професорите ќе предаваат скржаво, уметниците ќе творат за скржавоста како морално начело и ништо од тоа нема да има материјална вредност, но и те како ќе придонесе за доуништување на едно општество, напиша Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.